Научници: Озонската дупка е сè помала, но мора да бидеме внимателни

Дупката во стратосферата над Антарктикот е најмала во последните 30 години, но сепак треба да ја гледаме како аномалија, велат научниците.
– Опоравувањето на озонскиот слој над Антарктикот не смее да се зема здраво за готово, и понатаму мора да бидеме внимателни, порача доктор Џонатан Шанклин, еден од научниците кој прв во осумдесеттите години од минатиот век го документираше проретчувањето на озонската обвивка.
Дупката во стратосферата над Антарктикот е најмала во последните три децении, што е многу добра вест, но сепак треба да се смета за аномалија.
Намалувањето на дупката во озонската обвивка се припишува на брзото затоплување во големите височини, што повремено се јавува.
– За да утврдиме дали меѓународните договори се применуваат во пракса, треба долгорочно да го гледаме овој проблем. Првично, можеби ќе помислите дека навистина сме ја обновиле озонската дупка, но не сме. И иако работите одат кон подобро, се уште има многу земји кои емитуваат хлорофлуорокарбонати (фреони, CFC), хемикалии одговорни за овој проблем и со такви резултати не можеме да бидеме задоволни, изјави Шанклин за Би-Би-Си.
Во 1985 година, тој, заедно со колегите Џо Фарман и Брајан Гардинер, прв го предупреди светот дека озонската обвивка над Антарктикот секоја пролет се разредува.
Озонот го филтрира штетното ултравиолетово сончево зрачење. Нивното откритие ги потврди предвидувањата и на другите научници, што резултираше со протоколот од Монтреал.
Потписници се обврзаа на намалување на употребата на фреон за 50 проценти. Протоколот од Монтреал беше зајакнат со две ревизии, една во 1990 година потпишана во Лондон и една од 1992 година потпишана во Копенхаген, со кои беше побарано до 2000 година од употреба да се исфрлат фреони, халони и други халогенирани јаглеводороди. До денес, Протоколот од Монтреал го потпишаа 150 земји.
Со овој меѓународен договор, постепено се укинуваа хемикалиите што содржат хлор и бром и се знае дека го оштетуваат озонот. Во тоа време, овие супстанции се користеле како средства за ладење и како средства за чистење.
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
