Научници: Не може двапати да се биде заразен со коронавирусот
Оние кои се заразени со новиот коронавирус не можат да се заболат вторпат, наведуваат јужнокорејски научници.
Експертите стравуваа дека пациентите би можеле двапати да се зразат со Ковид-19, откако дури 10 отсто од излекуваните од коронавирус во Кина повторно имале позитивен тест по отпуштањето од болница.
Меѓутоа, јужнокорејски научници заклучиле дека пациентите кои имале Ковид-19 не можат повторно да се заразат по закрепнувањето и сметаат дека за тоа се виновни неисправните тестови, пишува британскиот весник „Сан“.
Според јужнокорејскиот централен клинички одбор за контрола на болести, позитивните тестови кај луѓето кои се негативни на коронавирусот се резултат на „фрагменти“ од вирусот кои се наоѓаат во нивните тела, кои немаат сила да доведат до заболување или да заразат друго лице.
Постоеја податоци дека вкупно 277 пациенти се повторно заразени, што предизвика страв дека мутациите во вирусот би можеле да спречат развивање имунитет кај пациентите, а тоа да доведе до проблем при пронаоѓањето вакцина и да ја елиминира можноста за постигнување колективен имунитет.
Сер патрик Воленс, главниот научен советник во британската Влада, и Крис Вити, главниот медицински советник на премиерот Борис Џонсон, претходно се обидуваа да ја разуверат јавноста дека не може двапати да се зарази од Ковид-19. Тие тврдеа дека оние кои еднаш го имале вирусот веќе развиле имунитет и многу ретко може повторно да се добие заразната болест. Во меѓувреме, професорот Вити објасни дека кај болеста, дури и ако не постои долгорочен имунитет, обично постои краткотраен имунитет.
Ново на Сител
-
10 години Брза Кујна | Никола Мишковски и Сања Савеска | ПРОфесија | Sitel Podcast 075
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
МВР поднесе кривични пријави против поранешен директор на Градски трговски центар - Скопје и тројца вработени
-
Кривични пријави за Груби, Ковачевски, Прпарим и уште пет лица
-
Театрите и Филхармонијата со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024
-
Расчистено убиство во обид во Скопје, поднесена кривична пријава против две лица
-
Рокас за случајот со Државна лотарија: Да оставиме правдата да зборува сама за себе
-
Лишени од слобода три лица, физички нападнале 26-годишник пред угостителски објект во скопскиот Градски парк