-->
-->
НАТО се подготвува за македонското знаме
-->
Пред седиштето на НАТО се прават последните подготовки за подигнување на знамето на Македонија како 30. членка на Алијансата, објавија на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска и заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски.
– Последни подготовки пред седиштето на НАТО за подигање на нашето знаме. Стануваме 30та земја членка на најсилната воено политичка Алијанса! Тоа е причина за заедничка гордост!, напиша Шакеринска.
НАТО се подготвува за македонското знаме, објави заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски.
-Може ли да се биде рамнодушен на оваа денешна сцена пред седиштето на НАТО?
Во моментов се одвиваат активности за поставување на македонското знаме и другите пригодни обележја за новата, 30-та земја членка на Северноатланскиот сојуз. Сонот на сите претходни и сегашни генерации станува реалност, државата добива стабилна и просперитетна иднина. Успеавме, напиша Жерновски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети