НАТО протерува седум руски дипломати
НАТО одлучи денеска да протера седум руски дипломати од мисијата на Русија во Алијансата, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
На тројца руски дипломати кои чекале одобрение, акредитации нема да им бидат издадени.
Бројноста на мисијата на Русија во НАТО се намалува за 10 луѓе, од 30 на 20.
– Русија го потцени единството на сојузниците, Москва не веруваше во решителноста да преземеме економски санкции, изјави Столтенберг.
– Упатуваме јасна порака за Русија дека нивното однесување има цена. Со тие мерки руските можности за шпионажа ќе бидат ограничени, додаде тој.
Генералниот секретар појасни дека и со намален состав на руската мисија ќе и остане возможна работата за подготовка на следното заседание на Советот НАТО-Русија.
Денешните мерки на НАТО се дел од глобална реакција за труењето во Велика Британија на поранешниот руски двоен шпион Сергеј Скрипал со нервен агенс. Според податоци на НАТО досега над 140 руски дипломати се протерани од над 25 држави од пактот и нивни партнери.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе