Свет
14. March 2017 - 13:35

НАТО не ги признава изборите во Абхазија

НАТО не ги признава изборите во грузискиот регион Абхазија, спроведени на 12 март, се наведува во соопштението на Џејмс Апатурај, специјален претставник на генералниот секретар на Алијансата за Кавказ и Централна Азија.

- Овие избори не придонесуваат за трајно решавање на прашањето со Грузија, додава тој. НАТО и земјите од Алијансата не ги признаваат Абхазија и Јужна Осетија - региони на Грузија - како независни држави, додаде Апатурај.

Тој повторно ја изрази целосната поддршка од НАТО за суверенитет и територијалниот интегритет на Грузија во меѓународно признатите граници.