Македонија
3. October 2015 - 10:47

НАТО: Можно е да сме погодиле болница на Лекари без граници во Кундуз

Можно е во американски удар извршен од воздух да е погодена болница на Лекари без граници во авганистанскиот град Кундуз, изјави портпарол на НАТО.

Во нападот загинале најмалку три лица.

Ударот бил нанесен врз „луѓе кои биле закана за коалициските сили и можно е да се предизвикани штети врз медицинскиот центар што се наоѓал во близина“, наведе полковник Брајан Трибус, портпарол на мисијата на НАТО во Авганистан.