НАТО и Русија остануваат на различни ставови, но со поблаг тон

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека денеска Русија на Алијансата и претставила податоци за претстојната воена вежба „Запад“.
На седница на Советот НАТО-Русија во Брисел претставник на Москва информирал за бројнноста на војниците и техниката, вклучени во воената вежба. Во текот на седницата биле претставени податоци за учеството на Белорусија.
- Охрабрен сум, тој дијалог може да продолжи, за да го зачуваме мирот и безбедноста, рече Столтенберг. Тој ја означи денешната средба како „фер и корисна“, а дијалогот, како „тежок, но суштински“.
Столтенберг додаде дека опасните фаќања на радар на авиони над Балтикот веќе се исклучок. - Радарското регистрирање е вообичаено, важно е сето тоа да не биде опасно. Државите, сопственици на авиони се одговорни за начинот на употребата на леталата. Треба да го потенцирам постигнатиот напредок, додаде тој.
Столтенберг изјави дека Русија и НАТО имаат спротивставени ставови за Украина. Според него не се забележува неспоредната закана кон некои држави од НАТО. Столтенберг додаде дека нема промени во однос на Украина. - НАТО и Киев продолжуваат по патот на партнерството, рече тој.
Столтенберг посочи дека НАТО и Русија имаат заеднички интерес да поддржат влада на национално единство во Авганистан. Како одговор на прашање тој додаде дека Сирија не била меѓу темите на денешните разговори.
Ново на Сител
-

„Кажи не!“ – кампања против сексуалната злоупотреба на деца во дигиталниот простор
-

Почна вакцинацијата на ситниот добиток против болеста сипаници кај овци и кози
-

ФА размислуваше да ја оспори кандидатурата за реизбор на Инфантино
-

МФ: Над 240 милиони евра поддршка за домашните компании по поволни услови
-

УНФПА предупредува: Светот ризикува да ја разочара следната генерација
-

Тошковски во Дубаи ја прими наградата „Excellence in Road Safety“ за „Безбеден град“
-

Јанев за грчката државна телевизија ЕРТ: Изградивме силни и тесни врски со грчката полиција
-

Потешко до работа во Германија: Од 50.000 на 25.000 Германија ја намалува квотата за работници од Македонија и регионот
