НАТО и името на „координацијата за меѓународната безбедносна помош“ за Украина
Обезбедувањето сигурна и стабилна поддршка за Украина, засилувањето на одвраќањето и одбраната, зајакнување на трансатлантската одбранбена индустриска соработка и зголемувањето на одбранбеното производството и зацврстувањето на глобалните партнерства со земјите од индо-пацифичкиот регион, ќе бидат главните теми на претстојниот Самит на НАТО што од 9 до 11 јули ќе се одржи во Вашингтон.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера во пресрет на Самитот порача дека поддршката за Украина ќе биде „најитната задача“ на Алијансата и дека очекува шефовите на држави или влади на членките на Пактот да договорат „значителен пакет“ за Киев.
– НАТО ќе ја преземе координацијата и обезбедувањето на најголемата меѓународна безбедносна помош, изјави Столтенберг.
Според него, се очекува на Самитот да се договори финансиска помош и понепосредна воена поддршка за Украина, да бидат склучени повеќе билатерални безбедносни договори меѓу земјите членки и Киев и да се продлабочи воената интероперабилност со земјата.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Столтенберг додаде дека сите овие елементи ќе „претставуваат мост за членство на Украина во НАТО“, со што земјата „се приближува кон Алијансата“.
Согласно договореното на последниот состанок на министрите за одбрана одржан минатиот месец во Брисел, координацијата и доставувањето на помошта за Украина ќе се спроведува преку Команда стационирана во седиштето на НАТО во Германија и преку логистички центри во источните членки на Алијансата.
Со Командата, која ќе има неколку стотици членови персонал, ќе раководи генерал-полковник, кој ќе му биде директно одговорен на командантот на силите на НАТО во Европа.
Се очекува на Самитот да биде усогласено името на оваа координација за испорака на воена помош за Украина и обуката на припадници на украинските вооружени сили.
Целта е да се постигне обврзувачки договор за жовие процеси да се оддалечат од политичарите или од некоја институција, во случај на власт во некои членки да дојдат сили што не се премногу наклонети кон поддршката на Украина, како Доналд Трамп во Вашингтон или екстремно десничарскиот Национален собир (РН) во Париз.
Првично за овој процес со споменуваше името „Мисија Украина“, на што, според дипломатски извор, на тоа се спротивставил Берлин.
Истите извори посочуваат дека германскиот канцелар Олаф Шолц отворено бил против ова име, со образложение дека терминот „мисија“ асоцира на испраќање „трупи на терен“, што би можело да сугерира на вклучување на Алијансата во конфликтот.
По ова на маса се нашле повеќе термини како „рамка“, „механизам“, „центар“, „иницијатива“, „команда“, „платформа“. . .
На крајот се дошло до имињата „Украина-НАТО Иницијатива за обука и опрема“ или скратено УНИТЕ, што во превод од англиски значи „обедини“, „обединува“ и „НАТО безбедносна помош и обука за Украина“ или НСАТУИ.
Претставник на американскиот Стејт департмент на почетокот на неделава изјави дека се уште се работи на утврдување на конечното име на процесот.
– Се уште работиме на тоа како да го доловиме и опишеме. Разгледуваме неколку можни акроними, додаде тој.
Дипломатски извори во НАТО посочуваат дека посебно внимание во Пактот се посветува на изборот на имињата, бидејќи тие имаат политичка тежина и носат порака.
Според нив, многу е важно Кремљ да не ја злоупотреби таа порака и да не ја искористи за оправување на својата воена операција.
– Понекогаш се расправаме и разговараме за работи за кои само ние сме грижиме, наместо да се обидуваме да им објасниме на луѓето надвор од ѕидовите на штабот колку е важна улогата на НАТО, посочи дипломатски извор за „Еурактив“.
Сепак, според друг дипломат, независно кое име ќе биде одбрано, колоквијално процесот ќе се нарекува „Мисија на НАТО во Украина“.
Ново на Сител
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Преглед на вестите од светот
-
ДСЗИ откри недостатоци при третманот на 5 годишното девојче кое почина на Детска - ДУИ бара оставка од Таравари
-
Суспензија и истрага за Мустафа Хајрулахи, вработени го пријавиле за малтретирање
-
Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга
-
Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот - и внатре и надвор дишеме загаден воздух
-
Пожар на Беласица