Свет
29. јуни 2017 - 21:51

НАТО: Баталјони подготвени да одговорат на Русија

Четири меѓународни баталјони, стационирани во источна Европа, сега се подготвени да одговорат на секоја „руска агресија“, соопштија денеска министрите за одбрана на осум земји-членки на НАТО. Германија, Велика Британија, САД и Канада во моментов предводат четири мултинационални „воени групи“ во Естонија, Летонија, Литванија и Полска.

- Денеска објавуваме дека тие баталјони се подготвени и способни да се спротивстават, а доколку е неопходно, и да одговорат на агресија од кој било вид, се наведува во заедничкото соопштение на министрите за одбрана во Брисел.