Настрада невино девојче: Заради петарда го загуби видот
Во средата вечера околу 18 часот во Ветерник непознато лице фрлило петарда, и тогаш среде детонацијата дошло до рикошет на каменче кое тешко поврдило девојче. Момчињата кои фрлале петарди во таа улица побегнале, а 11- годишното девојче со тешка повреда на десното око е префрлено во болница.
Девојчето таа кобна вечер отишло до продавницата која се наоѓа во близина на нејзината куќа.
-кога се враќала, буквално пред капијата од нејзината куќа нешто ја погодило во окото. Малечката не била свесна што и се случило. Меѓутоа група постари деца во тој момент фрлале петарди. Не фрлаа кон неа, но таа без никаква вина настрада, вели извор.
Д.С. е префрлена во детската болница каде е задржана на лекување.
-Девојчето се здобило со тешка телесна повреда во вид на контузија на окото, велат од болницата.
Нејзината состојба се следи, а со оглед на тоа дека окото е полно со крв, се чисти и засега со сигурност не може да се каже дали и колку го загубила видот и дали ќе треба операција, Покрај неа постојано се нејзините родители.
Ново на Сител
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот
-
Струмица: Потребни се законски измени за третманот на бездомните кучиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето