Наставник во Ресен позитивен на Ковид-19, учениците во изолација
Еден наставник е позитивен на Ковид 19 во Ресен, а учениците се во изолација. Ова е прв случај на позитивен наставник од Преспа од почетокот на пандемијата, информира градоначалникот Живко Гошаревски, кој раководи со Кризниот шаб во општината.
По состанокот со директорите на основните училишта и на Здравствен дом – Ресен, како и епидемиолог од Центарот за јавно здравје – Битола, истакна дека се договориле приоритет во тестирањето да имаат просветните работници со симптоми на коронавирусот.
– Утврдивме дека ако има индиции за изолација на наставници со симптоми веднаш да се тестираат од Центар за јавно здравје, да им се направи епидемиолошка анкета и навремено да се реагира. Од сите наставници кои се суспектни или позитивни, денеска ќе се земат брисеви за да се вметнат во системот и да се проследат понатаму, истакна Гошаревски.
Кризниот штаб, посочи, континуирано ја следи состојбата со ширењето на коронавирусот и дава насоки за придржување кон мерките и протоколите за заштита.
– Континуирано ја следиме состојбата. Изминатиот период имавме реакции и страв од родители на деца, кои посетуваат настава со физичко присуство. Дадов насоки училиштата во кои се одржува настава поинтензиво да се придржуваат на мерките за заштита и за лична хигиена, додаде Гошаревски.
Во изминатиот период, според него, проблем биле брзите тестови, чии позитивни случаи не влегувале во систем, но добиле ветување од здравствните власти дека набрзо проблемот ќе биде надминат.
Во Преспанскиот регион во моментот има околу 120 лица позитивни на Ковид 19. Од почетокот на пандемијата досега се регистрирани над 900 случаи, од кои23-ца ја изгубиле битката со вирусот.
Ново на Сител
-
Тошковски: 80 години Оддел за заштита на определени личности и објекти, заради нив сме посилни и како држава и како општество
-
Физичка пресметка помеѓу двајца војници од Кондово и Матка
-
Кривична против 42-годишен скопјанец, физички нападнал полициски службеници
-
Кривична за 38-годишен штипјанец, сторено кривично дело „разбојничка кражба“
-
Лавров по разговорите во Ријад: Не само што се слушавме, туку и се слушнавме
-
Во Штип во текот на месецов регистрирани 283 случаи на грип
-
Овчите сипаници и во јануари најчесто акутно заразно заболување
-
Уставен суд утре ќе расправа по иницијатива за оценување на стажот на јавните обвинители во периодот на нивното членување во Советот на јавни обвинители