Македонија
16. November 2020 - 15:12

Наставничка од росоманско подрачно училиште позитивна на Ковид 19, во изолација 23 ученика

Во две росомански села во изолација се 23 ученика откако кај нивната наставничка е потврдено присуство на Ковид 19, потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемилог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Според информациите од Центарот во Тиквешко во последното деноноќие починаа четири лица, а новодијагностицирани се12 лица на возраст од 16 до 68 години. Починатите се на возраст од 67 до 78 години.

од новозаразените тројца се во Кавадарци осум во Неготино и еден во Демир Капија.