Настап на Трпчески во Хановер, следно гостување во Финска
Македонскиот пијано виртуоз Симон Трпчески на 29 септември ќе настапи во Лахти, Финска, каде што со Симфонискиот оркестар на градот ќе го изведе Концертот број 3 за пијано и оркестар на Бела Барток, под диригентство на Далиа Стасевска од Осло. Претстојниот концерт следува по одличниот прием на Трпчески од германската публика во Хановер.
- Откако ја награди со два биса по виртуозната изведба на Концертот број 2 за пијано и оркестар од Рахманинов заедно со Градскиот оркестар на Хановер, под диригентската палка на хрватскиот диригент Иван Репушиќ, публиката во Операта во Хановер, „потајно организирана“ од славната американска оперска пејачка, сопранот Хелен Донат, му возврати на македонскиот пијанист Симон Трпчески со несекојдневна честитка – стоечки му ја отпеа традиционалната за вакви пригоди песна „Среќен роденден!“, соопшти КултурОп.
Концертот во Хановер се надоврза на настапите во Италија, Словенија, Шведска и Холандија. Во октомври Трпчески ќе се врати на престижната сцена на „Концертгебау“ во Амстердам - со Концертот број 3 за пијано и оркестар од Рахманинов, во чија изведба две вечери ќе го придружува Холандскиот филхармониски оркестар. Потоа Трпчески ќе продолжи да концертира во Соединетите Американски Држави со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање