Насер Ориќ ослободен од обвинувањата за воени злосторства

Апелацискиот совет на Судот на Босна и Херцеговина денеска донесе конечна ослобителна пресуда за поранешниот генерал на Армијата на БиХ, Насер Ориќ, во рамки на обновената судска постапка против него за злосторста извршeни врз српски цивили во реонот на Сребреница за време на Војната во земјата на почетокот 90-те години на минатиот век.
Судот на БиХ во јуни годинава го поништи претходниот судски процес против Ориќ под ова обвинение поради „значајни повреди на кривичната постапка“ и наложи ново судење, што заврши со денешната пресуда.
На изрекувањето на пресудата не присуствуваше српскиот член на Апелацискиот совет, а судницата пред тоа ја напуштија и членовите на семејствата на жртвите.
За време на траењето на денешниот судски процес пред зградата на Судот се собраа стотина прврзаници на Ориќ, кои, како што јави Танјуг, извикувале „Алаху акбар“.
Ориќ беше уапсен во јуни 2015 година на границата меѓу Франција и Швајцарија врз основа на меѓународна потреница издадена од Србија под обвинение за воени злосторства. По неговото апсење и Србија и БиХ поднесоа барање за негова екстрадиција, но тој им беше предаден на властите во Сараево.
Судот на Босна и Херцеговина има кривична, административна и апелациска надлежност за работите поврзани со институциите на Босна и Херцеговина. Тој е формиран во ноември 2000 година врз основа на одлука на високиот претставник на меѓународната заедница за БиХ. Судот, покрај домашни, вклучува и меѓународни судии.
Ново на Сител
-

Хeмичaрот кoј дoби „Инжeнeрски прстен“ од државата | Кирил Христовски - ПМФ | Sitеl Pоdcаst 138
-

Најдобрата македонска кошаркарка стави крај на кариерата
-

ЕК објави список со предлози за дополнителни санкции против Русија
-

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег
-

ФФМ го казни својот поранешен претседател Сејдини поради финансиска измама
-

23-годишна кумановка со авотмобил удрила во 7-годишно девојче и тешко го повредила
-

Две лица, едниот од нив 18-годишник, извршиле тешка кражба во викендичка во Велес
-

Кривична за четири лица, меѓу кои двајца полицајци; за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат лични документи
