НАСА се подготвува за новата мисија со луѓе на Месечината - прва по 53 години

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА се подготвува да ја лансира својата прва мисија со екипаж на Месечината по повеќе од 53 години, пренесуваат американските медиуми.
Имено, првата мисија од програмата „Артемис“ е клучен пробно-подготвителен лет како дел од пошироките лунарни цели и напорите на Соединетите Американски Држави да ја потврдат својата водечка позиција во денешната „вселенска трка“ и покрај растечката конкуренција од Кина. Тројца американски астронаути и еден Канаѓанец треба да полетаат утре во вселенската капсула „Орион“, која ќе биде носена од ракетата „Спејс лаунч систем“ на 10-дневна пробна мисија во орбитата околу Месечината.
Мисијата е првиот лет со човечки екипаж во програмата „Артемис“ на НАСА. Со програмата, САД се обидуваат да воспостават редовни летови до Месечината. Луѓе, според наводите, не слетале на површината на Месечината од вселенската програма „Аполо 17“ во 1972 година, но НАСА планира да го повтори подвигот во 2028 година на јужниот пол на Месечината.
Официјално, САД се единствената земја што испратила луѓе на Месечината, со шест слетувања во рамки на програмата „Аполо“ за време на „вселенската трка“ со поранешниот Советски Сојуз.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
