Народно позориште од Белград ќе го затвори 4. МНТ Фест

Четвртиот Меѓународен фестивал МНТ Фест вечер ќе заврши со гостување на Народно позориште од Белград со претставата „Иванов“ од Антон П. Чехов во режија и адаптација на Татјана Мандиќ-Ригонат, во која насловната улога ја игра Никола Ристановски. На матичната сцена претставата премиерно е изведена во октомври минатата година.
„Иванов“ е првата поставена претстава на Чехов. Праизведбата била во 1887 година во театарот „Корша“, по која авторот направил корекции на текстот и неколку верзии, од кои најголемата промена била во доменот на жанрот - од комедија во драма - за изведбата во Александрискиот театар.
Нејзиниот успех се должел на тоа што се однесувала на актуелните проблеми на руските интелектуалци во осумдесеттите години на 19 век. Според театролозите, во руската театарска и литаратурна критика не постои лик што предизвикал толкав број расправи, спорови и интерпретации како Чеховиот Иванов.
Годинашниот МНТ Фест почна на 3 јуни со премиера на „Ничија земја“ во режија на Александар Морфов. На програмата на фестивалот беа и: „Магбет: Исплашена душа“ на Пекиншкиот оперски театар; „Дон Жуан“ на Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија; Балкански стендап „Сашко Коцев и пријателите“, како и две претстави за најмладите во продукција на МНТ - „Силјан Штркот шанца“ и „Авантурите на Аладин“.
Ново на Сител
-

Волц: Нуклеарната закана од Иран ќе биде главна тема на обраќањето на Трамп пред Генералното собрание на ОН
-

Русија со дрон уби свештеник и рани неколку други во напад врз украински манастир
-

Безживотно тело најдено на Шар Планина
-

Полицијата приведе 19 возачи: 10 возеле пијани, осуммина без положен возачки испит
-

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
