Народни верувања и обичаи за Св. Јован, денеска направете го ова
За денешнот празник Јованден не постојат посебни обичаи, освен покрај сечење на погача и осветување на куќата на верниците кои го слават овој ден, и миење на иконите. На овој ден иконите се изнесуваат од домот, по утринската молитива, и се носат на река, канал, бунал или чешма и се замиваат односно се бришат со крпат наквасена со таа вода.
Обичајот одамна исчезнал, а се верувало дека оној кој ќе го прекрши тоа, таа година ќе му се одземат рацете и нозете, а друг обичај е децата, млади побратими, да се носат во блиските манастири за време на молитики и на овој ден да се повика кумот на гости, стариот семеен кум или она семејство што нема старо кумство тогаш го бира.
Деновите од Божиќ до Богојавление се нарекуваат некрестени денови, а деновите од Богојавлени од кои прв е Јованден, до Велигден се нарекуваат крстени.
Поради тоа во народот останало верувањето дека крштевањето и венчавањето може да се направат од овој ден натаму, од Денот на кумството и пријателството, а не треба, како што вели народот, тоа да се прави во некрстените денови.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата