Народната банка одбележува 70 години постоење
Народната банка денеска одбележува 70 години од централнобанкарските активности во Република Македонија.
По тој повод вечер НБРМ организира свеченост, на која гувернерот Димитар Богов во име на банката ќе прими орден за заслуги за Македонија од претседателот на државата Ѓорге Иванов, соопшти НБРМ.
НБРМ е основен носител и спроведувач на централнобанкарското работење на Република Македонија почнувајќи од донесување на Уредбата за спојување на кредитните претпријатија од државниот сектор, донесена на 25 септември 1946 година, со која Македонската стопанска банка станала Централа на Народната банка на ФНРЈ за Народна Република Македонија и од нејзиното фактичко спојување со Народната банка на ФНРЈ на 19 октомври 1946 година.
По прогласување на независноста на РМ, на 26 април 1992 година е донесена Одлуката за монетарно осамостојување на Република Македонија, чии составни делови беа и Законот за Народната банка на Република Македонија, Законот за паричната единица и Законот за употреба на паричната единица, кои ја воспоставија рамката за непречено функционирање на централната банка како независна, емисиона банка на суверена и самостојна Македонија.
Денес Народната банка на Република Македонија е во постојан професионален напор за праведно, одмерено и недискриминаторско опслужување на потребите на македонското општество, водејќи прудентна монетарна политика којашто обезбедува ценовна стабилност преку стабилен курс на македонската национална валута и стабилен банкарски сектор.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-
Средба Мицкоски - Таравари ќе има, Ахмети не разговарал со Алијанса за општини
-
Фетаи со честитка за „Слободна зона Карадак„ - Избриша видео со знаме на голема Албанија
-
Мерките завршија, граѓаните стравуваат од нагло поскапување во маркетите
-
Јавниот долг на најниско ниво во последните 5 години
-
Македонија падна за шест места на Индексот за слобода на медиумите
-
Протест на вработените во Зоолошка градина - Тврдат дека немаат земено плата за март, останале и без здравствено осигурување
-
Преглед на вестите од светот