-->
-->
Направете си домашен вениш - чудотворно средство за чистење што ја вади секоја дамка
-->

Нема да верувате дека целиот живот ви било пред носот, но не сте го виделе. Колку само парчиња деликатна и нежна облека сте фрлиле. Сопрете! Овој фустан со дамка од црно вино за неколку мига ќе го вратите во плакарот.
Ова чудотворно средство за чистење е толку евтино, што е смешно. Се прави од две состојки, средство за садови и хидроген пероксид, којшто се купува во аптека. Во пластично шише со прскалка измешајте средство за садови и хидроген пероксид во однос 1:2. Промешајте и испрскајте директно на дамката и гледајте како исчезнува.
На овој домашниот вениш му нема рамен за отстранување флеки од храна, масло за готвење, од дезодоранси и пот, чоколадо, крв и од мороно масло. Кога го користите за тврдокорни дамки, откако ќе испрскате, протријте ја дамката со четкичка за заби (исто така, можете да додадете и малку сода бикарбона за да направите фина паста и протријте со неа) и оставете ја да отстои околу еден час. Доколку има потреба, повторете го процесот.
Како и со секое средство за чистење, направете тест на дел од облеката кој не се гледа
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
-

Поскапи горива од полноќ
