Направената штета во МНТ од „Шверцерите“ ќе ја надоместат тие или директорката
Надоместокот од околу 4.000 евра за направената штета во Македонскиот народен театар (МНТ), направен за време на прославата на Денот за албанската азбука, ќе го плати навивачката група „Шверцери“ на фудбалскиот клуб „Шкупи“, а ако не го платат тие, тоа ќе го стори директорката на МНТ, Симона Угриновска.
Ова е одговорот од премиерот Зоран Заев на пратеничко прашање на денешната собраниска седница во врска со немилиот настан што се случи на Денот на одележувањето на албанската азбука на 22 ноември. Тој нагласи дека таа штета мора да се плати.
– Имаме две штети едната е материјална, другата духовна. Во делот на духовната штета, е тоа што културата никој не ја восприема на онаков начин на кој беше презентирана во МНТ, кој навистина бил отстапен за навивачката група по повод Денот на албанската азбука, рече Заев.
Премиерот потсети дека потпретседателот на Влада и министер за политички систем и односи меѓу зедниците го има организирано настанот и тој настан завршува некаде околу 20:30 часот, додека другиот, потенцира, се случува во 21.
– Нема договор. Значи да биде чисто нема договор за таа работа во 21, направен е усмен договор затоа што немало и време кога да се направи. Рефлексијата на тоа е и материјалната и духовната штета и некој треба да понесе одговорност, изјави од собраниската говорница претседателот на Владата
Посочувајќи дека постои правилник за наградување и санкционирање, Заев информира дека согласно тоа, дале укажување да има дисциплинска постапка.
– И затоа мора да има штета односно треба да има дисциплинска постапка со што ќе се извлече поуката да не се повтори повеќе. По правилникот ќе се оцени по таа дисциплинска постапка казна ли е, бркање од работа, не знам, разрешување на директор ли е. Службите ми кажаа дека е казна од плата и слично, рече тој.
Осврнувајќи се на тоа дека за овој случај Владата формираше работна група, премиерот Заев информира дека веќе е доставен извештај, реферирано е пред Владата, а денеска се реферира пред Парламентот.
– Мене ми е тоа јасно, така да надоместокот на материјалната штета ќе биде надоместок, со тие пари ќе се поправи се што е направено, а духовната последица или етичката последица ќе си биде санкционирана соодветно согласно правилникот за казнување или наградување, рече премиерот Зоран Заев.
Ново на Сител
-
Донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција
-
Уапсен 43-годишен крадец на гулаби во Гостивар
-
Филипче до Oбвинителството доставил извештаи за работата на Онкологија, тврди дека додека бил министер имало лекови за пациентите
-
Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри
-
Данела Арсовска: Бандата која ги труе скопјани и претепа инспектори на Град Скопје се уште е на слобода | ФОТО
-
Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот