Наполи се прости од Марадона со убедлива победа против Рома
Капитенот Инсиње во 31 минута со одличен шут од слободен удар донесе водство од 1-0. Веднаш по голот отрча до клупата за резерви, го зема дресот со број 10 на кој стоеше презимето Марадона, го бакна и го сврте кон камерите.
Наполи имаше повеќе од играта во целиот меч, а резултат на тоа е и зголеменото водство во вториот дел. Се играше 65 минута, па по одличната асистенција на Марио Руи, Фабијан Руис прецизно шутираше до самата статива за 2-0. Руис голот го прослави во прегратка со нашиот репрезентативец Елиф Елмас кој во игра влезе во 78 минута.
Токму Елмас придонесе за третиот гол за Наполи на овој меч. Се играше 81 минута кога Елмас силно шутираше од 20-тина метри, голманот на Рома – Миранте лошо ја одби топката, на неа налета Мертенс и реализираше за 3-0.
И тоа не беше се. Политано со вистински слалом во 86 минута погоди за високи 4-0.
Со овој триумф Наполи се искачи на петтата позиција со 17 бода. Исто колку што има и Јувентус позиција погоре, но и Рома која е шеста со ист број бодови.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден