-->
-->
Наполи нема победа четири натпревари по ред, Интер нов лидер во Серија А
-->
Наполи го загуби водечкото место во италијанскиот фудбалски шампионат, откако попладнево загуби на гостувањето кај Комо со 2:1.
Така, избраниците на Антонио Конте со 56 бода, по 26. коло паднаа на втората позиција во поредокот во Серија А.
Интер, кој на вчерашниот натпревар ја победи Џенова со 1:0, освои 57 бода и се искачи на првото место во Серија А.
Наполи нема победа на последните 4 натпревари во низа. Тимот претходно ремизираше со Рома (1:1), Удинезе (1:1) и Лацио (2:2).
Во следниот натпревар Наполи ќе игра токму со Интер на свој терен. Натпреварот од 27. коло во Серија А ќе се одигра на 1 март
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Перински во Чаир: Владата стои зад општините
-
УГД ќе гради нова зграда за факултетот по медицински науки
-
Обучени волонтери ќе се вклучуваат во гаснење пожари
-
Карневалски подготовки во Струмица
-
Реконструкција на Охридскиот аеродром и Скопската болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија