Напладне осветување на водите на Преспанското Езеро

Во сите храмови во Преспанско-пелагониската епархија со утринска литургија почна одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Централната прослава е во Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола, каде митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиски и новозеландски г. Петар служи Света архиерејска литургија.

Во 11 часот ќе биде осветена водата во црковниот базен во кругот на црквата „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола и ќе биде положен крстот за осветување на водите.
Напладне, свештеници на Преспанско-пелагониската епархија ќе ги осветат водите во Преспанското Езеро, во близина на туристичката населба Отешево, каде градоначалникот Јован Тозиевски ќе додели награда на најсреќниот учесник што ќе го фати живототворен крст.
Ново на Сител
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
-

Македонските студенти: Победата во Србија е доказ дека младите можат да направат промени
-

470 килограми месо од нелегална комора во Василево завршија на депонија
-

Преглед на вестите од светот
