Напиток кој за 10 дена крши камен во бубрег

Истражувањата покажуваат дека на еден од 20 луѓе, во текот на животот телото ќе му создаде камења во бубрезите, кои, кога поминуваат низ уринарниот тракт можат да бидат многу болни. Но, благодарение на еден прехранбен производ, проблемот може да се реши во рок од 10 дена.
Повеќето бубрежни камења можат да поминат низ уринарниот тракт во рок од 48 часа, без никакви проблеми, со пиење на големи количини на течности. Меѓутоа, во случај на еден поголем камен или неколку помали, може да биде многу полно и непријатно, за што мора да се оди на лекар.
Но, од камења во бубрезите може да се решите и на природен начин, а еден од најуспешните домашни лекови лежи во просото, кое за медицински цели се користи од памтивек.
Просо е хранлива и здрава житарка, која може да ги разгради камењата, песокот и талогот во бубрезите и во мочниот меур и да ги исчисти од отрови.
Напиток против камен во бубрег
Состојки:
– 200 грама просо
– 2 литри вода
– тенџере од 3 литри
– тегла со капак
Постапка:
1. Навечер, пред спиење исплакнете го просото во топла вода и оставете го така да отстои преку ноќ.
2. Утрото, просото ставете го во тенџерето
3. Зовријте 2 литри вода и се додајте ги во тенџерето
4. Ставете капак и оставете да отстои цел ден.
5. Вечерта или следното утро, промешајте и исцедете ја течноста во тегла, која на крај ќе ја затворите.
6. Течноста пијте ја секој ден 10 до 15 дена во неограничени количини (барем една чаша на ден).
Совет плус:
Не го фрлајте просото, бидејќи е многу здраво и хранливо. Варете чаша просо и 3 чаши вода околу 15 минути (како гриз, овес или ориз) и јадете го за појадок како каша со мед и суво овошје или рендано чоколадо.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог
-

Втори во Европа по ниво на загаденост: Граѓаните „бегаат“ на Водно и бараат сонце
-

СДСМ бара вонредна седница и итни мерки
-

Откажани 20 летови на скопскиот аеродром поради густа магла, расчистување и снег од вторник
-

Дали новата варијанта на грип што се шири во Европа ќе ги загрози и граѓаните во Македонија?
-

Експерти: Барањата на Ахмети се надвор од Рамковниот договор, смените во опозицијата се козметички
-

Тивкиот повик за припадност: Како плакати и QR-кодови стануваат „јадица“ за радикализација
-

Патот до Галичица затворен
