Напаѓачот од Прага бил инспириран од слично злосторство во руско училиште
Дејвид Козак (24), кој во четвртокот уби најмалку 14 лица на Карловиот универзитет во Прага, наводно бил инспириран од пукањето во училиште во Русија во кое 14-годишното девојче А.А. уби еден и рани петмина учерници, по што се самоуби, пренесува Тајмс.
Британскиот весник дошол до заклучок за неговата инспирација врз основа на објавите на Козак на мрежата Телеграм, каде тој наводно вели дека „Алина Афанаскина премногу му помогнала“.
Отсекогаш сакав да убивам, мислев дека во иднина ќе станам манијак. Сфатив дека е многу поисплатливо да се прават масовни убиства отколку сериски. Седнав. Чекав. Сонував. Сакав … но Алина стана последната точка. Како да ми дојде на помош од небото токму на време, наводно напишал на таа социјална мрежа.
Поради вчерашниот масакр, кој се смета за најголем во историјата на Чешка, во сабота е прогласен ден на жалост.
Во исто време, полицијата се уште ја истражува поврзаноста на напаѓачот со други убиства.
Соседите го опишале напаѓачот како „интровертен лудник“ кој бил фасциниран од оружје и се смета дека го убил својот татко пред масовните убиства на универзитетот.
Ново на Сител
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
