Напаѓачот од Минхен најверојатно жртвите ги намамил преку Фејсбук
Младиот Иранец, кој синоќа изврши повеќекратно убиство во Минхен, најверојатно своите жртви ги намамил преку хакиран профил на Фејсбук, поканувајќи ги да го посетатат ресторанот на Мекдоналдс со ветување дека ќе добијат намалени цени, информира германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезиер, цитиран од француските медиуми.
Министерот подвлече дека 18-годишниот напаѓач, Давид Али Сонболи, веројатно во минатото бил жртва на малтретирање од свои врсници.
-Пред нападот веројатно хакирал профил на Фејсбук, изјави Де Мезиер на прес конференција во Берлин. Од хакираниот профил тој ги канел жртвите да ги искористат „специјалните понуди или намалувања“ на ресторанот за брза храна во трговскиот центар, каде синоќа се случи крвавиот масакр.
„Има податоци кои наведуваат на помислата дека профилот бил хакиран од убиецот“, додаде министерот.
Поканата била за средба во ресторанот на Мекдоналдс, во петок, во 16 часот по локално време.
Давид Али Сонболи синоќа уби девет лица, пред самиот да си го одземе животот. Повеќето убиени се тинејџери или млади луѓе - тројца на 14 години, двајца на 15 години, а останатите имаат 17, 19, 20 и 45 години. Меѓу загинатите има седум странски државјани - тројца косовски Албанци, тројца Турци и еден Грк, сооштија денеска властите, пренесоа француските медиуми.
Напаѓачот бил од муслиманско семејство. Неговите родители во Минхен пристигнале како бегалци во текот на 90-те години, а тој се родил во Германија, информира Де Мезиер, цитиран од ТАСС.
-Многу податоци покажуваат дека тој е шиит, а не сунит. Од друга страна неговото име - Давид не ја поткрепува оваа верзија. Во моментов се проверува дали е можно тој да го примил христијанството, рече министерот.
Претходно беше кажано дека 18-годишниот Германец со иранско потекло веројатно бил психички лабилен и не можел да воспостави комуникација со своите врсници, забележа ТАСС.
Во германските специјални служби немало информации за напаѓачот од Минхен, изјави Де Мезиер и ја потврди претходно соопштената информација дека не е откриена врска меѓу убиецот и меѓународниот тероризам.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на АА
-
Меџити: Ова е почеток на крајот на Европскиот фронт, следува нов бран на дестабилизација во ДУИ
-
СДСМ: Божиновска должи одговори
-
Таравари за смртта на 14 месечното бебе - Лична одговорност мора да има!
-
На интернет измами најчесто наседнуваат луѓето со ниски примања, велат психолозите
-
ВМРО-ДПМНЕ: 250 евра за секој студент - 10 милиони евра фонд за бизнис за млади
-
Само 1% од вработените во ЈКП-ЈА се лица помлади од 35 години, а 65% постари од 55 години
-
Потребна е поголема поддршка на жените земјоделки