Нападот во метрото во Санкт Петербург дело на бомбаш-самоубиец
Вчерашниот бомбашки напад во метрото во Санкт Петербург, при што загинаа најмалку 11 лица, а 51 се ранети, го извршил бомбаш-самоубиец, кој „пристигнал од Централна Азија“, јавија денеска руските медиуми, повикувајќи се на извори во полицијата.
Според истите извори, во досегашната истрага напаѓачот е идентификуван како „23-годишен маж од Централна Азија“, кој бомбата ја внел во метро станицата во својот ранец.
Медиумите инфромираа дека полицијата при преглед на безбедносните камери претходно регистирала едно лице, за кое постоел сомнеж дека можеби е бомбашот-самоубиец, но тој набрзо се пријавил во полициска станица, отфрлајќи каква и да било поврзаност со нападот.
Како што јави ТАСС, руската полиција синоќа издаде потерници по две лица поради сомнеж за поврзаност со експлозијата во метрото во Санкт Петербург.
- По две лица се трага поради сомнеж дека ја планирале експлозијата. За едниот постои сомнеж дека ја поставил експлозивната направа во вагонот, додека за другиот дека поставил бомба на самата станица на метрото, изјави неименуван полициски извор,
По повод нападот, рускиот претседател Вларимир Путин дозна синоќа одржа вонреден состанок со претставници на безбедносните и разузнавачките служби.
Експлозијата се случи вчера попладне, околу 13:40 часот по средноевропско време, во еден од возовите на метрото во Санкт Петербург меѓу станиците „Технолошки институт“ и „Плоштадот Сенаја“.
Ново на Сител
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво
-
Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево
-
Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе, најмногу дожд во Виница
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Велипеток - најтешкиот ден во годината
-
Избори во САД 2024: Кои се мега-богатите донатори кои го поддржуваат Трамп?
-
Повеќе од 30 лица го загубија животот во поплави во Бразил, 60 лица се водат како исчезнати
-
Турција ги прекина трговските односи со Израел