Нападнати и ограбени двајца Мароканци на железничка во близина на Скопје
Во СВР- Куманово вчера во 11 часот Е.С. и Е.Е. државјани на Мароко, пријавиле дека на 07.01.2016 година во близина на Скопје на железничка станица надвор од градот, од страна на три засега непознати лица со употреба на безбол палка и електро шокови, им било извршено разбојништво, при што им биле одземени околу 300 евра, патни исправи и лични карти на нивно име и мобилен телефон „Сони“.
МВР денеска соопшти дека лицата на 08.01.2016 година околу 23,50 часот во ПС од ОН Куманово пријавиле дека биле нападнати од страна на две лица, кои ги превезувале со патничко моторно возило, при што Е.С. избегал и се сокрил, а Е.Е. бил удрен со тупаници при што не му се нанесени видливи повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред