-->
-->
Нападната српска амбасадорка во Мадрид
-->
Маж во центарот на Мадрид вчера ја нападнал амбасадорката на Србија во Шпанија, Ирена Шарац.
Нападот се случил на улицата каде што живее амбасадорката. Таа се здобила со повреди на грбот. Од изјавите на присутните сведоци се сомнева дека, според неговиот говор, се работи за лице со албанско потекло.
Веднаш по нападот, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ објави дека амбасадорката Шарац се соочила со напад во шпанската престолнина.
„Најостро го осудувам физички напад врз амбасадорот Шарац во центарот на Мадрид. Бараме од сите власти целосна истрага и одговорност за овој невиден инцидент и чин на насилство врз највисокиот дипломатски претставник на нашата земја“, изјави шефот на српската дипломатија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени