Македонија
22. јуни 2022 - 17:09

Нападнат портир во Градската болница во Скопје

На 21.06.2022 во 15.00 часот во Полициската станица Центар, Б.Ш.(37) од Скопје пријавил дека на 20.06.2022 околу 16.00 часот на работното место - портир во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“,бил физички нападнат од едно лице, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.