Нападите на 9/11
History.com
На 11 септември 2001 година, 19 милитанти поврзани со исламистичката екстремистичка организација ал-Каеда киднапираше четири патнички авиои и изврши самоубиствени напади врз цели во САД. Два авиони беа удрени во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, а третиот авион удри во Пентагон, во предградие на Вашингтон, додека шетвртиот авион се урна во поле во Пенсилванија. Често насловувани како 9/11, нападите предизвикаа многу загинати и разурнувања, и предизвикаа големи американски иницијативи за борба против тероризмот и одредувајќи ја политиката на претседателот Џорџ Буш помладиот. Над 3,000 луѓе загинаа за време на нападите во Њујорк и Вашингтон, вклучувајќи и повеќе од 400 полицајци и пожарникари.
На 11 септември 2001 година, во 8.45 часот во тоа сончево вторничко утро, боинг 767 на Америкен ерлјанс полн со 20,000 галони авионско гориво удри во северната кула на Светскиот трговски центар во Њујорк. Ударот отвори дупка и го изгоре целиот 80-ти кат од 110-катната кула. Додека траеше евакуацијата во кулата и кај нејзиниот близнак, телевизиските камери вршеа директен пренос на она што почетокот изгледаше како чудна несреќа. Потоа, 18 минути по ударот на првиот авион, и втор авион боинг 767 на ЈУнајтед ерлјанс на летот 175, се појави на небото, остро сврте кон Светскиот трговски центар и со удар засече кај 60-от кат. Ударот предизвика огромна експлозија од која како дожд паѓаа остатоци врз околните згради и улици. Америка беше нападната.
Напаѓачите беа исламистички терористи од Саудиска Арабија и од неколку други арапски држави. Наводно финансирани од терористичката организација ал_Каеда на саудискиот бегалец Осама бин Ладен, тие живееле во САД повеќе од една година и земале часови по летање во американските школи за пилоти. Други влегле во земјата неколку месеци пред 11 септември и работеле како „мускули“ во операцијата. Деветнаесетте терористи без проблеми внеле ножеви и скалпери низ безбедноста на три аеродроми на источната обала и се качиле на четири летови кон Калифорнија, избрани така затоа што авионите биле полни со гориво за долги трансконтинентални летови. Набрзо по полетувањето, терористите ги преземале четирите авиони и од обични патнички авиони ги претвориле во наведувани ракети.
Додека милиони луѓе ги следеа нстаните кои се случуваа во Њујорк, авион на летот 77 на Америкен ерлјанс кружеше над центарот на Вашингтон и се урна во западната страна на воениот штаб на Пентагон во 9.45 часот. Горивото од боинг 757 предизвика разурнувачки пекол кој предизвика колапс на дел од огромната бетонска структура. Како што беше соопштено, 125 воени лица и цивили загинаа во Пентагон, заедно со 64 лица кои беа во авионот.
Помалку од 15 минути по терористичкиот удар во нервниот центар на војската на САД, хоророт во Њујорк направи катастрофален пресврт кон полошо кога јужната кула од Светскиот трговски центар се распадна во масивен облак од прав и чад. Челикот во структурата на облакодерот, направен да издржи ветрови со брзина над 200 милји на час, и големиот оган, не можеа да ја издржат огромната топлина која ја предизвика авионското гориво. Во 10.30 часот, и другата кула од Светскиот тгровски центар колабираше. Околу 3,000 луѓе загинаа во Светскиот трговски центар и околината, меѓу кои и големиот број од 343 пожарникари и луѓе од брзата помош, 23 њујоршки полицаијци и 37 полицајци од Крајбрежната полиција кои се обидуваа да ја завршат евакуацијата на зградите и да ги спасат луѓето кои беа заробени во најгорните катови. Само шестмина од кулите во Светскиот трговски центар кои во моментот на урнивањата се наоѓаа таму, успеаја да преживеат. Скоро 10,000 други беа згрижени како повредени, а многумина беа тешко повредени.
Во меѓувреме, и четвртиот авион кој полета кон Калифорнија, летот 93 на Јунајтед ерлјанс, беше киднапиран скоро 40 минути откако полета од меѓународниот аеродром во Нуарк, Њу Џерси, Бидејќи авионот задоцни при полетувањето, патниците кои се наоѓаа во него слушнаа за нстаните во Њујорк и Вашингтон преку мобилни телефони, и контролата за летање го повика авионот да се приземји. Знаејќи дека авионот нема да се врати на аеродромот каква и беше намерата на киднаперите, група од патници и екипажот планираа да сторат нешто. Еден од патниците, Томас Барнет помладиот, на жена му преку телефон и кажал: „Знам дека сите ќе загинеме. Тројца од нас ќе сториме нешто во врска со тоа. Мила, те сакам!“ Друг патник, Тод Бимер, го слушнале преку отворената линија како рекол: „Момци, подготвени? Тргнуваме!“ Стјуардесата Сенди Бредшоу го повикала ажот и и му ообјаснила дека слегла во товарниот простор и дека полни бокали со зовриена вода. Нејзиите последни зборови кон него биле: „Сите трчаат кон првата класа. Морам да одам. Збогум!“
Патниците се бореле со четворицата киднапери и се смета дека влегле во пилотската кабина со помош на апарат за гасење пожар. Авионот потоа нагло се превртел и стрмоглаво тргнал ндолу со бзина од 500 милсји на час, и се урнал во поле во западна Пенсилванија во 10.10 часот. Сите 45 луже во авионот загинале. Не е позната конечната цел на киднаперите, но некои теории велат дека тоа било Белата куќа, американскиот Капитол, претседателската вила во Кемп Дејвид во Мериленд, или некоја од неколкуте нуклеарни централи долж источната обала.
Во 19.00 часот, претседателот Џорџ Буш помладиот, кој цел ден бил превезуван низ земјата од безбедносни причини, се вратил во Белата куќа. Во 21.00 часот тој преку телевизијата и се обрати на нацијата од Овалната соба, изјавувајќи: „Терористичките напади можат да ги потресат темелите начите највиски згради, но не можат да допрат до темелите на Америка. Овие напади удрија врз челикот, но не можат да влијаат врз одлучноста на американците“. Во однос на евентуален американски воен одговор, тој објавил: „Нема да правиме разлика меѓу терористи кои го тсорија ова и оние кои нив ги поддржуваат“.
Операцијата „Издржлива слобода“, межународната коалиција предводена од САД, со цел да се протера талибанскиот режим во Авганистан и да се уништи терористичката мрежа на Осама бин Ладен таму, започна на 7 октомври. За два месеци, американските сили ефикасно ги истераа талибанците од оперативна моќ, но војната продолжи додека САД и коалициските сојузници се обидуваа да ја задушат талибанската револуција која се водеше од соседен Пакистан. Осама бин Ладен, креаторот кој стоеше зад нападите од 11 септември, остана на слобода се до 2 мај 2011 година, кога конечно беше пронајден и убиен од американските војници во неговото скривалиште во Аботабад, Пакистан. Во јуни 2011, претседателот Барак Обама го најави најголемото повлекување на трупоте од Авганистан, а конечното повлекување до последен американски војник беше планирано за 2014 година.
Ново на Сител
-
Ауди најави продажба на дел од Заубер на катарски фонд
-
Советот за безбедност на Косово ги активира војската и полицијата за обезбедување на објекти и служби
-
ОЈО: Поведена истрага против македонски државјанин за убиство во Ханиоти
-
Лишен од слобода малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Република Србија во Куманово
-
Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година
-
На Попова Шапка најстудено со - 5 степени, најмногу снег во Берово 22 сантиметри
-
Евробарометар: Мнозинството македонски граѓани имаат доверба во ЕУ
-
Џихадистите зазедоа уште еден град во северозападна Сирија