-->
-->
Нанесете малку средство за дезинфекција на клучот од автомобилот и одмрзнете ја бравата за неколку секунди
-->
Зимата одамна пристигна, а возачите знаат дека со студот доаѓа и замрзнувањето на бравата, што може да ги доведе до „нервен слом“, особено наутро кога брзаат на работа. За среќа, постои многу едноставно решение.
Следниот пат кога наутро ќе ве пречека замрзната брава, наместо да ги кршите клучот и прстите, обидувајќи се да ја олабавите, едноставно на клучот нанесете малку средство за дезинфекција на рацете.
Станува збор за оние мали шишиња гел што секогаш треба да ги носиме со себе и да ги чистиме рацете кога не сме во можност да ги миеме.
Се што треба да направите е да се ставите малку гел директно на клучот, а потоа да го ставите клучот во бравата и да го оставете неколку секунди. Алкохолот во гелот ќе го стопи мразот и бравата полека ќе се отклучи.
Ако, пак, немате кај себе гел, може со обична запалка неколку секунди да го греете металниот дел од клучот – жешкиот метал ќе ја одмрзне бравата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
ВО ЖИВО: Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите