-->
-->
Наместо солзи од очите и излегуваат кристали - Докторите во шок
-->
На Лаура од Бразил и се создаваат бели наслаги во очите, кои после извесно време се кристализираат. Во еден ден умее да „исфрли“ и по 30 кристали од очите.
Лаура Понце (35), учителка во градинка од Линса во Бразил, боледува од ретко нарушување и плаче “кристали“. Во очите и се создаваат бели дамки кои и се стврднуваат кога очите и треперат, па на крајот се претвораат во кристали. И така се собираат со недели, а нови се создаваат кога старите ќе успее да ги отстрани од очите.
Неколку пати морала да замине на боледување. Еднаш во само еден ден лекарите и отстраниле 30 наслаги од окото.
„Кога ќе се стврднат наслагите чувствувам силна болка – изјавува Лаура. Додава дека наслагите во очите почнале да и се создаваат кога наполнила 15 години. Очите одеднаш почнале да се полнат со “непозната бела материја“. Веднаш ја повикала своја мајка Мариса. Се обидувала од натеченото око да и ја извади наслагата, која се зголемувала.
„Ја извадивме и потоа отидовме во болница. Лекарите не можеа да ми објаснат од што боледувам“ – додава Лаура.
Лекарите за неа се уште немаат пронајдено лек.
„Наслагите во очите му се создаваат на секои неколку месеци. Посетив бројни лекари и никој немаше одговор“ – изјави Лаура. Фрустрирана е што често не може да работи.
„Пред две години и шест месеци, секој ден од окото отстранував околу 30 мембрани“ – додава Лаура.
Лекарите признаваат дека ваков случај не постои во медицинската литература, но изјавуваат дека даваат се од себе за да и помогнат на оваа несреќна жена.
Засега единствен лек се посебни капки за очи кои малку ги ублажуваат теговите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист