Наместо матура спремаат погреб - почина матурант, цела Гимназија во црно
Шокантна вест ја потресе Босна И Херцеговина, матурант почина пред најсреќниот момент од животот.
Како што пренесуваат босанските медиуми, гимназијалецот Емир Југо изненадно починал во вторникот кон средата во сон во неговиот дом во населбата Бабовац. Обдукцијата на телото на момчето покажала дека тоа починало од срцев удар кој го добил додека спиел.
Шокантната вест ги остави во тага сите оние кои го познавале Емир. Тој вчера наутро требало да тргне со своите другари на излет пред матурата која го чекала наскоро. Другарите го чекале, а тој не се појавил, па се загрижиле и се јавиле кај него дома. Се јавила бабата која веднаш отишла да провери дали е во соба, а таму го затекнала како мртов лежи на креветот.
Директорот на Гимназијата вели дека веста сите ги оставила во шок, тага и неверување.
Емир бил добро момче, се занимавал со спорт, бил мирен и културен, бил одличен ученик, не правел проблеми и водел здрав живот. Тренирал кошарка, таа била негова страст. Никој не очекувал ваква трагедија.
Сега наместо на матура, Емир ќе го носат на погреб. Навистина трагично.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош
-
Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски
-
Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства
-
Со камион удрил во заштитната ограда, скопјанец загина на автопатот Демир Капија - Гевгелија
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина
-
Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва