Наместо цифра, на сметката му стигнала порака – Останал без зборови
На прв поглед, станува збор за обичен човек како и сите други, кој работи во маркетинг оделот на една компанија со седиште во Дубаи. Меѓутоа, последниот пат кога заминал поради работа во Индија, направил нешто што оставило длабока трага во неговото срце и во срцата на гладните деца, кои таму ги запознал, пишува „The New Indian Express”.
Имено, Аклиш Кумар отседнал во хотелот Сабрина. Кога се подготвувал да оди на вечера во ресторан, се случило нешто што засекогаш ќе го памети. Додека седел покрај прозорецот од ресторанот, погледнал на улица. Право во очи го гледало изгладнето дете. Таа гледтка Кумар му го разбранувала срцето.
Со раката му покажал на малото дете да влезе во ресторанот. Малечкиот со себе ја земал и својата сестра, а Кумар им рекол да седнат на неговата маса и да нарачаат што сакаат. Децата го послушале, нарачале и сите вечерале во тишина. Кога завршиле со оброкот, децата заминале да си ги измијат рацете и го напуштиле ресторанот.
Кога Аклиш Кумар ја побарал сметката од келнерот, му следувало големо изненадување. Наместо паричен износ, на сметката со рака било напишано: „Немаме калкулатор со кој би ја наплатиле хуманоста. Нека доброто секогаш ти биде вратено со добро“. Кумар се обидел да дознае кој ја напишал оваа порака и кој ја платил сметката, но во ресторанот тоа не сакале да му го кажат. Можеби на крајот, сепак, доброто со добро се враќа.
Ново на Сител
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања