Намерно исечени цевки за довод на кислород во тетовската болница
Вработените во тетовската болница утринава увиделе дека има оштетување на системот за централен довод на кислород низ објектите, а за среќа нема последици по пациентите. Оштетени биле две споредни цевки кои носат кислород од централниот систем до првиот објект ургетно-дијагностичкиот центар, додека снабдувањето до Ковид одделенијата одело непречено преку главната цевка.
-Изгледа имавме среќа сите 125 пациенти што ги имавме ги спасивме, бидејќи да имаше оштетување на главната цевка тоа ќе беше катастрофа и не би сакал да предвидам што би можело да се случи и што би можеле ние да направиме во тие моменти. Тоа би требало да значи транспорт на сите пациенти од сите одделенија, а имаме нетранспортибилни пациенти. Замислете би требало да има над 70 отсто од пациентите да се транспортираат итно, за наша среќа не се случи. Се надевам дека сега полиција ќе видат што се работи кој е авторот на ова дело, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот на Клинича болница.
Во ургентно дијагностичкиот центар немало пациенти и на тој начин не дошло до поголеми последици.
-Немало прекин во довод на кислород затоа што тој дел го снабдува делот од ургетниот центар каде што имаме пациенти со инфаркти и друго каде ни треба кислород по потреба. Така да имаше таму пациенти одма ќе имаше последици. Замислете цела недела и викенд деновите беа тешки со Ковидот и ние сме навистина многу разочарани од ова. Се гледа дека некој со удирање со метален предмет врз цевките, една ја пресекол, додека другата е свиткана. Може немал време авторот на тоа дело, сега ќе се преземат мерки за поголемо обезбедување, изјави докторот.
Случајот е пријавен и во полицијата од каде е извршен и увид.
-Со употреба на физичка сила биле оштетени две бакарни цевки со различна големина, односно капацитет. Едната цевка за компримиран воздух била скината, а втората за азотен оксидол била свиткана. Набрзо по пријавата, екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово, во координација со Јавен обвинител, извршила комплетен увид.Оштетувања се фотодокументирани и крим-технички обработени.Се расчистува и документира случајот, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
До пладнето во болницата стручни лица од соодветна фирма извршија и санација на оштетувањата на централниот систем за довод на кислород во тетовката болница.
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
