Живот
11. July 2018 - 11:17

Намамил девојче (3)со бонбони, го качил на мотор и избегал: Една работа помогна полицијата брзо да го пронајде киднаперот

Полицијата во еден кинески град со помош на снимка од надзорните камери успеала да го пронајде и спаси тригодишното девојче кое ја киднапирал трговец со бело робје.

Злосторникот ја грабнал на улица, додека се враќала од продавнциа, а надзорните камери го забележале сето тоа.

Ја намамил со слатки, а потоа ја ставил на мотор и побегнал.

Штом дознал за грабнувањето, нејзиниот татко Пеар ја алармирал полицијата, кога откако ја прегледала снимакта го лоцирала киднаперот Жанг, а потоа, по 18 -часовно нагледување, упаднала во неговиот стан. За среќа, девојчето било тука, живо и здраво и без повреди.