Намалени загубите на струја во Албанија,заштедени 100 милиони евра
Намалувањето на загубите во елктромрежата, условиле заштеда на албанската електродистрибуција,но и на државниот буџет еден процент од БДП.
Податоците ги објави Регулаторниот завод за енергетика,кој потврдува дека во периодот јануари-јули годинава трошоците на Електродистрибуција за покривање на загубите на енергија изнесуваат 37,5 милони евра,додека во истиот период 2014 година загубите биле 97,6 милиони евра.
-Само во седумте месеци,за покривање на загубите, Електродистрибуција потрошила 60 милиони евра помалку,а доколку се пресмета за цела година заштедите се околу 100 милиони евра,-констатира Заводот.
Според Регулаторниот завод за енергетика намалувањето е резултат на два фактора. Прво: намалувањето на загубите ,кои,според податоците споредено со 2014 година бележат намалување за 60 проценти,главно поради намалување на кражбите на енергија.
Но,освен намалување на загубите,друг фактор е пониската цена,со која Електродистрибуција ја набавувала енергијата од увоз. Податоците говорат дека во седумте месеци од годинава просечната цена за увоз на енергија изнесувала 43,3 евра за мегават наспроти 56 евра за мегават во седумесечниот перод 2014 година.
Пред три години,енергетскиот секор,според ММФ претставуваше главна закана за финансиите на Албанија,бидејќи Владата беше принудена да субвенционира милијарди леки годишно за јавните енергетски компании.Но, во првата половина од годинава Електродистрибуција, Албанската елекрокорпорација(КЕШ) и секторот за пренос ,според податоците, оствариле добивка од 50 милиони евра.
Ново на Сител
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето