Намалени продажните цени на производителите на индустриски производи
Продажните цени на производителите на индустриски производи, на месечно ниво не се променети, а се пониски за 3,8 отсто на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2015 во споредба со април 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 6,9 проценти, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,4 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,5 отсто.
Во мај 2015, во споредба со мај 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,6 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1 процент, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 4,6 отсто.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, односно за 3,4 отсто на годишно ниво.
Ново на Сител
-
Мотоциклист загина при судар со автобус на патот Охрид-Ресен
-
Меџити: Гаши и Мицкоски со различна агенда се во Вашингтон
-
Богатото македонско културно наследство честа мета на крадците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР