Намалени избирачките места во Кичево
Забрзаното иселување на жителите од руралните средини во општината Кичево се рефлектира и врз бројот на избирачките места.
Од 121 избирачко место, колку што имаше на последните парламентарни избори за локалните избори има четири избирачки места помалку или 117.
Се гаси избирачкото место 770 од селото Кладник и истото тоа се сели во селото Козица, на избирачкото место број 771. Избирачкото место број 805 од селата Дупјани и Рабетино се сели во селото Светорача, на избирачкото место број 811. Избирачкото место број 765 од селото Ехловец се сели во селото Извор, на бројот 761, додека избирачкото место 799 од Јагол Доленци се сели во селото Јагол, на избирачкото место број 798.
- Причината за овие преселби е тоа што на четирите избирачки места има помалку од 10 жители постари од 18 години, односно потенцијални гласачи, изјави Антигона Сефери, претседателка на ОИК за општината Кичево, каде што, според единствениот избирачки список, на овие избори право на глас имаат 50.624 гласачи.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен