Намален прометот во индустријата во март за 20,1 отсто
Прометот во индустријата во март бележи пад од 20,1 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Во однос на февруари 2020 година, намалувањето на прометот во март е 12.9 проценти.
Пад на прометот во индустријата од 2.6 отсто е евидентиран и во периодот јануари – март 2020 година во однос на јануари – март 2019 година.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во март 2020 во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16,2 отсто, Капитални производи за 31,6, Tрајни производи за широка потрошувачка за 31,9 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 проценти.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во март 2020 во однос на март 2019 година изнесува 102.7. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8 проценти, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 30,3 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 26,2 отсто.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во март 2020 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 119.8, додека во периодот јануари – март 2020 година, во однос на периодот јануари – март 2019 година, изнесува 103.9. Индексот на прометот на странските пазари, пак, во март 2020 година во однос на март 2019 година, изнесува 73.9.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 24,2 отсто, Капитални производи за 32 процента, Tрајни производи за широка потрошувачка за 29,3 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,7отсто.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во март 2020 година, во однос на февруари 2020 година изнесува 79.5, додека во периодот јануари – март 2020 година, во однос на периодот јануари – март 2019 година, изнесува 95.7.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице