Намален прометот во индустријата
Вкупниот промет во индустријата во април годинава е намален за 7 отсто на годишно и за 11,6 отсто на месечно ниво, а за првите четири месеци од годинава е намален за 8,7 отсто во споредба со истиот период лани. При тоа, прометот во индустријата на домашниот пазар бележи зголемување за 8,7 отсто на годишно и за 1,2 отсто на месечно ниво, а во првите четири месеци од годинава е повисок за 2,3 отсто во споредба со лани.
Прометот во индустријата на странските пазар, пак, е намален за 11 отсто на годишно ниво, за 15,4 отсто на месечно и за 11,5 отсто во првите четири месеци од годинава во споредба со истиот период од 2023 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот промет во индустријата во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,8 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,9 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,7 отсто, додека опаѓање од 23,2 отсто има кај Капитални производи.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,4 отсто, додека опаѓање има кај Капитални производи за 6,2 отсто и кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,5 отсто.
Прометот во индустријата, пак, на странските пазари во април 2024 година, во однос на април 2023 година има пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8,4 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 13 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,4 отсто, додека опаѓање има кај Капитални производи за 23,5 отсто.
Ново на Сител
-
ЦУ: Спречени обиди за криумчарење кокаин, цигари, облека и нелегален изнес на девизи
-
Приведени крадци од Боговиње
-
Изгаснат пожарот во Бутел 1, опожарен и дел од кровната конструкција на соседната барака
-
Автоматски пушки и муниција пронајдени во селото Грешница, поведена истрага
-
Суд во САД: Свршеничкиот прстен му припаѓа на давателот по раскин на веридбата, без оглед чија е вината
-
Виртуелен приказ на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан
-
„Битлс“ и „Ролинг стоунс“ се „Греми“ соперници и во 2025 година
-
Дуелот Бешикташ – Макаби преместен во Унгарија