Намален бројот на превезени патници во патниот превоз
Бројот на превезени патници во патниот превоз во првите три месеци од годинава бележи намалување од 1,2 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 4,5 отсто, во приградскиот превоз за 1,6 отсто, во меѓународниот превоз за 6,4 отсто, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 25,1 отсто.
Во однос на четвртото тримесечје од 2017 година, вкупниот број на превезени патници е намален за 4,4 отсто.
Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 13,1 отсто, во приградскиот превоз е
зголемен за 5,8 отсто, во меѓуградскиот превоз за 13,6 отсто, додека во меѓународниот превоз е намален за 10,7 отсто.
Во првото тримесечје од 2018 година, во однос на истиот период од 2017 година, вкупниот број на патнички километри во патниот превоз е намален за 5,1 отсто. Според видот на превозот, бројот на патнички километри во градскиот превоз е намален за 31 отсто, во приградскиот превоз за 5,9 отсто, во меѓународниот превоз за 5,8 отсто, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 23,7 отсто.
Во однос на четвртото тримесечје од 2017 година, вкупниот број на патнички километри е зголемен за 4,1 отсто. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 5,9 отсто, во приградскиот превоз е зголемен за 12,5 отсто, во меѓуградскиот превоз за 13,8 отсто, додека во меѓународниот превоз e намален за шест отсто.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци