Најстудено во Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка
Најстудено изутрина во државава е во Маврови Анови, каде во 7 часот се измерени -12 степени, како и Попова Шапка со -11, Берово со -10, Крива Паланка со -9. Во Претор, Битола и Крушево температурата се спушти 8 степени под нулата, -7 Тетово, -6 Охрид и Прилеп, -5 Струмица и Виница, -4 Скопје-Петровец, -2 Штип и Демир Капија, -1 Скопје – Зајчев Рид, а 2 степена во Гевгелија.
На Попова Шапка има 32 сантиметри снег, 15 во Маврови Анови, седум во Крушево, а во Ѓуриште и Пожаране пет.
Кон изутрина во делови од Скопскиот регион има умерен ветер, а во Штип ветерот утринава достигнува брзина повремено и до 40 километри на час.
УХМР најави дека претпладне ќе биде студено, а преку денот сончево со мала локална облачност која попладне ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер најизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје сончево и претпладне студено со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 7 степени.
До утре попладне ќе се задржи стабилно и суво, со пониски утрински температури. Влажен и студен бран со врнежи од снег ќе се прошири од запад утре во вечерните часови и во текот на ноќта. Заради ниските температури ќе има појава на голомразица. Во петок преку денот врнежите ќе завршуваат. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во долниот дел на Повардарието.
Ново на Сител
-

Гроси: МААЕ нема докази дека Иран развива нуклеарна бомба
-

Американската војска соопшти дека погодила речиси 2.000 цели во Иран
-

Уставниот суд ќе одржи седница, првпат ќе се пренесува во живо
-

Собранието ќе избира заменици министри за одбрана и за образование
-

Претпладне сончево, попладне променливо облачно и ветровито
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
