Најстудено во Лазарополе, Тетово и Скопје - Петровец
Во Лазарополе, Тетово и Скопје - Петровец утрово е најстудено, -2 степени, а најмногу снег, 12 сантиметри, има во Маврови Анови.
Како што информира УХМР, до 07:30 часот се измерени -1 степен во Берово, Куманово и Маврови Анови, 0 во Битола, Демир Капија и Попова Шапка,1 во Скопје - Зајчев Рид, Струмица, Крива Паланка и Дебар, 2 во Штип, Велес, Охрид, Прилеп, Кавадарци и Претор, 3 во Крушево и 4 во Виница и Гевгелија.
Според УХМР, времето денеска е сончево со умерена облачност и тивко. По одделни котлини ќе има појава на магла која околу пладне ќе се намалува, а во вечерните и особено во ноќните часови повторно ќе се формира. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.
Во Скопје претпладне ќе има магла, која околу пладне ќе се намали. Во вечерните часови, а особено во текот на ноќта повторно ќе се формира густа магла. Максималната температура ќе достигне 9 степени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија
-
Студентите ќе ги учат вработените во МОН
-
За 3 дена, 3 жртви во 2 сообраќајки на истокот
-
82 годишнина од депортацијата на штипските евреи
-
Интерепалции: За СДСМ напад на уставниот поредок, за ВМРО-ДПМНЕ чистење од партиски кадри
-
Членовите на Судски совет се уште не одлучиле дали ќе присуствуваат на собраниската седница за нивна интерпелација