-->
-->
Најстудено утрово во Маврово со температура од 4 степени
-->

Утрово најстудено беше во Маврови Анови каде беа измерени три степени. На Попова Шапка 4, Крива Паланка 5, Берово 6, Лазарополе, Kрушево 7, Скопје-Петровец, Кавадарци 8, Охрид, Куманово, Прилеп, Виница, Струмица 9, Претор, Тетово, Битола 10 Велес, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија 11, соопшти УХМР.
На Попова Шапка има и снежна покривка од 25 см.
Времето денеска сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степен.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
