Најстудено утрово на Попова Шапка, во текот на денов врнежи од дожд, наместа пообилни

Најстудено утрово е на Попова Шапка каде што се измерени -3 степени и 57 сантиметри снежна покривка, а температура под нулата е измерена и во Mаврови Анови (-1 степен).
Нула степени во Лазарополе и Kрушево, 1 степен во Ѓуриште, Пожаране, Радовиш и Пожар, 2 степена во Берово и Тополчани, 3 степени во Претор, 4 во Охрид, Крива Паланка, Битола, Прилеп и Штип, 5 во Виница, Тетово, Струмица и Куманово, 6 степени во Скопје - Зајчев Рид, Велес, Демир Капија и Кавадарци и 8 степени во Гевгелија.
Како што соопшти УХМР, во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Маврови Анови (7 литри на квадратен метар), 6 во Битола, 5 во Охрид, 3 литри во Претор, Попова Шапка и Берово, 2 во Лазарополе, Виница и Тополчани и по 1 литар на квадратен метар во Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија, Крушево, Пожаране, Велес, Прилеп, Струмица, Крива Паланка и Штип.
Според прогнозата на УХМР, денеска ќе има врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 литри на квадратен метар) под влијание на циклонска активност.
-Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен повремено силен ветер, кој наместа ќе достигнува и над 70 километри на час Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 10 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Физички напад со ладно оружје и гасен пиштол: Татко и двајца синови осомничени за насилство во Бутел
-

Иран најави комеморација за ајатолахот Хамнеи 40 дена по неговото убиство
-

Уапсен 16-годишен кумановец откако нападнал лице кое му извадило пиштол и нож
-

Уапсени пет лица, од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР
-

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава
-

Мицкоски: Македонија е прва земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со САД
-

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државава
-

АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава
