Најстудено на Попова Шапка, во Маврови Анови 53 сантиметри снег
Утрово е најстудено на Попова Шапка, -2 степена, а максимални 8 степени се измерени во Демир Капија и Гевгелија. До 08:30 часот се измерени и -1 степен во Лазарополе, 0 во Маврови Анови, 1 во Крушево, 3 во Тетово и Дебар, 4 во Берово, Крива Паланка, Охрид, Претор и Прилеп, 5 во Битола, Куманово, Скопје-Зајчев Рид и Виница, 6 во Кавадарци, Скопје-Петровец, Велес и Штип, како и 7 степени во Струмица.
Како што информира УХМР, висината на снежната покривка во Маврови Анови е 53 сантиметри, на Попова Шапка 49, во Крушево 16, а во Лазарополе четири сантиметри.
Во изминатите 24 часа, до 7 часот утрово, најмногу врнежи имало во Маврови Анови, 21 литар на метар квадратен, а најмлаку, еден литар, во Прилеп, Демир Капија и Виница. измерени се и 14 во Пожаране, 13 на Попова Шапка и во Битола, 11 во Крушево, Тетово и Лазарополе, 10 во Претор, 8 во Куманово, 6 во Штип и Гевгелија, 4 во Велес, 3 во Скопје – Зајчев Рид, како и 2 литра на единица површина во Дебар, Крива Паланка и Охрид.
Според УХМР; времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд кој во средината на денот ќе намали. Од крајот на денот и преку ноќта врнежи од дожд ќе има на повеќе места низ земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно, преку денот со услови за краткотраен дожд, а почести врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.
Ново на Сител
-
По две недели, трагедијата во центар на вниманието на пратениците
-
Распит на сведоци и вештачења за пожарот во Кочани
-
Еден од најтешко повредените во дискотеката во Кочани е подобар, тројца и понатаму се во критична состојба
-
Таравари пред одлука: Дали вреди да се биде во „Вреди“
-
30 дневен притвор за обезбедувањето на Мицкоски се обидел да земе 50.000 евра за службените документи
-
На сметките на пензионерите легнаа повисоки пензии за 2.500 денари
-
Трендафилов со предлог - И јас и пратениците да земаме 500 евра плата, но и работниците да добијат толку
-
Државата ќе им исплаќа субвенциониран оброк и на вработените студенти со плата под минималната