Најстари младенци на светот

Таа има 95 години, а тој 93. Судбината ги поврзала, а откако се венчаа официјално станаа најстари младенци на светот со вкупен збир на години од 188.
Британските пензионери Маргарет Хазбенд и Бернард Брајс се запознале на неговата прва свадба во дамнешната 1951 година. Интересно е дека таа тогаш била деверица, а се виделе дури по 50 години на погребот на сопругата на Бернард, Доерти.
Најмладиот син за неодамна мажената Маргарет, 52-годишниот Роберт, кој ја придружуваше невестата до олтарот, не ни сонувал дека мајка му ќе ја мажи на тие години.
- Беше толку многу емотивно да ја донесам мајка ми пред олтароот. Живеам со неа девет години и веќе многу пати размислував што ќе биде со неа, но ме изненадува секој ден, рече тој.
Бернард по погребот на својата сопруга признал дека почнал да се интересира за Маргарет, а набрзо се родила љубов.
Ново на Сител
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
