Најскапиот стан во земјава продаден во Скопје по цена од 1,3 милион евра
Најскапиот стан во земјава е продаден во Скопје по цена од 1,3 милион евра, а по најниска цена е продаден стан во Kавадарци и за него се платени само 320 евра. Ова го покажуваат податоците добиени од Агенцијата за катастар каде што се води регистар за цени и закупнини во кој се евидентираат сите трансакции и цени според изјавите што ги даваат продавачите или закупецот на недвижноста кај нотар.
Додека од Kатастарот не даваат подетални податоци за точната локација и за квадратурата на овие недвижности, од анализата на податоците објавени на порталот АKН-ГИС на Агенцијата за катастар на недвижностите се гледа дека становите во Скопје се најскапи во центарот на градот, Дебар Маало, околу Универзална сала, кај Kатоличката црква, во Kозле, Тафталиџе, Kапиштец и Kарпош, каде што квадратен метар се движи од 1.000 до 1.500 евра, а најевтини се од левата страна на Вардар, односно во населбите Чаир, Топанско Поле, Ѓорче Петров, Маџари, Ченто, Хиподром, каде што може да се најде станбен квадрат и за 500 евра.
Најголем број продадени станови има во општина Аеродром, односно во овој период се продадени 378 стана, а најголем број продадени куќи има на територијата на општина Прилеп, односно продадени се 29 куќи. Што се однесува до деловниот простор, најмногу продажби се забележани на територијата на општина Центар каде што се продадени 32 деловни простора. За индустриските објекти, пак, регистрирана е по една продажба во општините Kуманово, Тетово и Kочани. Најмногу недвижности од типот на земјоделското земјиште се продадени во општина Kичево – 61 продажба, а најмногу продадено градежно земјиште е регистрирано во општина Велес – 47 продажби. Агенциите за недвижности најслабо работеле во источниот дел од Македонија, односно во општините Виница, Kарбинци и Kратово, во кои не е регистрирана ниту една продажба.
Во овој период преку продажби се тргувани недвижности со површина од 4.522.509 квадратни метри и вкупна достигната цена од 130 милиони евра (8.009.423.891 денар). Под закуп, пак, се дадени недвижности со површина од 1.126.244 квадратни метри со вкупна месечна закупнина од 508.000 евра (31.254.624 денари).
Ново на Сител
-
Димитриевски со Валенсија избори осминафинале во Копа дел Реј
-
Артета: Топката во Лига купот е многу различна од топката во Премиер лигата и мора да се навикнеш на неа
-
Пуштање во употреба реконструирано фудбалско игралиште во Неготино
-
Украина ја нападна нафтената база во рускиот град Енгелс, која служи за стратегиски бомбардери
-
Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра
-
Над 400 луѓе спасени од под урнатините на Тибет
-
Трошоците на живот во 2024 година зголемени за 3.5%, а цените на мало за 3.8%
-
Поскапуваат бензините и дизелот